Намерно запален автомобил во Куманово

20.01.2022 18:57 | Сузана Николиќ

Кумановец запалил автомобил на свој сограѓанин, откако извршувањето на овој немил настан претходно го договорил со друг кумановец.

Намерно запален автомобил во Куманово

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(33) и Б.Ш.(27) од Куманово.

Второпријавениот, на барање на првопријавениот и по претходен договор, на 08.декември минатата година, околу 18.00 часот, намерно предизвикал пожар на патничко возило „фиат“, сопственост на свој сограѓанин.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk