Наместо да го одвезат до Скопје, го ограбиле и исфриле од колата

22.12.2017 11:41 | KumanovoNews

М.А.(62) од Скопје пријавил дека вчера околу 19 часот, во близина на бензинска пумпа кај Автобуската станица, влегол во непознато патничко возило, во кое биле две лица, со цел да го пренесат до Скопје.

Наместо да го одвезат до Скопје, го ограбиле и исфриле од колата

Но, според пријавеното, кога тргнале, неколку пати застанале и физички го нападнале М.А., при што му одзеле и 1500 денари што ги имал со себе. Потоа го исфрлиле од возилото и заминале.

Оштетениот се вратил во Куманово каде што го пријавил настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk