Наместо со санка, Дедо мраз пристигна со падобран

29.12.2010 13:31 | KumanovoNews

 Дечињата од градот со песна и радост го дочекаа Дедо Мраз. Точно напладне најпосакуваниот дедо на светот пристигна со падобран на Градскиот плоштад.

Наместо со санка, Дедо мраз пристигна со падобран

Прво им посака многу здравје, среќа и да бидат послушни во Новата година, а потоа ги слушна нивните желби. Дечињата бараа разни подароци, од новогодишни пакетчиња,велосипеди и комјутери.

Нив ги поздрави и градоначалникот од името на локалната самоуправа која ја организираше целата манифестација.

Скокањето на Дедо Мраз  со падобран  ги воодушеви децата кои нестрпливо очекуваа да добијат некој подарок и да се сликаат со него. Поради убавото време Градскиот плоштад беше преполн со реодители дечиња, кои уживаа во програмата и песничките од познатите мали ѕвезди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk