Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во два одвоени случаи граѓаните пријавиле напади од кучиња скитници во Куманово. Инцидентите се случиле на два краја од градот.
„ На 17. ноември, С.Ј.(39) од Куманово пријавила дека во дворот на основно училиште на улицата „Народна Револуција“ во Куманово нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник. Истиот ден и Б.А.(64) пријавил дека на крстосницата од ул.„Тоде Мендол“ и бул.„Трета македонска ударна бригада“ бил каснат од куче скитник“, соопштува МВР.
Во Куманово врие од бездомни куќиња, се жалат граѓануте. Тие бараат локалната самоуправа да преземе конкретни мерки за решавање на проблемот. Прашуваат до каде е проектот за изградба на прифатилиште за напуштени кучиња, кои сите учесници на изборите ги ветуваат.
„Само со отворање на стационар и прифатилиште за напуштените кучиња ќе се реши проблемот. И тие заслужуваат хуман третама, не по своја вина се нашле на улица, некој ги исфрлил“, велат активистите за заштина на животните
Тие сметаат дека за големио број на кучиња во градот се виновни сопствениците, кои не ги стерилизираат туку малите кучиња ги фрлаат на јавни места, кои потоа неконтролирано се размножуваат, или, пак, нивните домашни миленичиња откако ќе им помине меракот ги оставаат на улица. Кучињата често се малтретирани од несовесни граѓани, поради што стануваат и агресивни.
Овој проблем е присутен во целата држава, и има појави и дека кучињата се носат кучиња од една во друга општина. Затоа е потребно состемско решение по примерот во развиените држави.
Општина Куманово има програма за заловување на кучиња скитници и по тој основ за оваа година се одвоени 1,5 милиони денари, а третманот го врши А.Д.Ветеринарно сточарски ценара Тодор Велков од Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk