Нападнал контролор затоа што му ставил канџа

15.06.2016 14:10 | KumanovoNews

 Кумановец нападнал вработен во паркинг сервис затоа што сакал да му стави канџа на колата.

Нападнал контролор затоа што му ставил канџа

Инцидентот се случил на крајот на минатиот месецот на улицата “Илинденска“, откако Р.К.(28) од Куманово го паркирал својот автомобил без да плати паркинг место. Кога контролорот на ЈП „Куманово-паркинг“ почнал да го мести блокаторот наишол сопственикот на колата и го фатил за врат за физички да се пресмета со него. Го турнал настрана и започнал да го навредува и да му упатува вулгарни зборови.

Кумановската полиција против Р.К.(28), поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk