Нападнал полицајци додека интервенирале во неговиот дом

16.12.2019 16:44 | KumanovoNews

Кумановец е уапсен затоа што нападнал полицајци додека интервенирале во неговиот дом. Нападот се случил вчера на ул.„30-ти Јули“ во Куманово.

Нападнал полицајци додека интервенирале во неговиот дом

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.М.(37) од Куманово, поради тоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија во неговиот дом, откако пријавил поплака од неговата мајка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk