Нападнале полицаец, му ја скинале униформата и побегнале

01.03.2018 09:18 | KumanovoNews

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Ц.(34) и А.В.(25), за сторено кривично дело насилство и против И.С.(28) за спречување на службено лице во вршење службено дејствие.

Нападнале полицаец, му ја скинале униформата и побегнале

На 16.01.2018 година, во угостителскиот објект во Крива Паланка, Б.Ц. и А.В. физички нападнале едно од присутните лица, по што биле спречени во намерата и приведени во Полициска станица Крива Паланка.

Б.Ц. со помош на И.С. кој бил со патничко возило се обидел да побегне, оттурнувајќи еден од полициските службеници, при што му нанел телесна повреда и му ја оштетил униформата, а И.С. со голема брзина го стартувал возилото и со задното тркало го прегазил полицискиот службеник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk