Нападнат вработен во јавно претпријатие додека бил на работа

22.03.2022 12:32 | Сузана Николиќ

Вработен во јавно претпријатие вчера бил нападнат во центарот на Куманово, додека извршувал работни задачи поврзани со паркирањето.

 

Нападнат вработен во јавно претпријатие додека бил на работа

„Во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.К.(39) од Куманово, бидејќи на улицата „Илинденска“ во Куманово физички го нападнал Д.Ј.(38) од Куманово, вработен во Јавно претпријатие, кој во тоа време извршувал службени дејствија. Ј.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопштува МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk