Нападнат вработен во Кумановската болница

04.05.2022 11:36 | Сузана Николиќ

Вработен на Одделението за рентген и дијагностика, синоќа бил нападнат на работното место.  

Нападнат вработен во Кумановската болница

Инцидентот се случил во 23.15 часот, кога А.С.(53) од Куманово, вработен во Одделението за рентген во Општа болница во Куманово, додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од едно лице. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk