Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на Табановце физички нападнал вработен во просториите на Отсекот за управни работи Куманово, каде што се изваат личните документи.
„Вчера во 10.25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(42) од село Табановце, кумановоско, затоа што во просториите на Отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен кој извршувал службени дејствија“ соопшти полицијата.
Тој е приведен и по целосна документација на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk