Нападнати средношколци додека чекале автобус, еден повреден

03.12.2024 13:40 | KumanovoNews

Средношколец се здобил со повреда на главата, откако тој и неговите другари биле нападнати на автобуска постојка на булеварот Трета МУБ во Куманово. Од СВР Куманово потврдуваат дека кај нив е пријавен напад, но без детали.

Нападнати средношколци додека чекале автобус, еден повреден

„На 02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А. (43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на полицијата.

Неофицијално, синоќа додека средношколците чекале автобус пред зградите на т.н. Серава, наишла група од десетина млади луѓе со маски - фантомки на главите, па прво дошло до меѓусебни дофрлања, по што настанала тепачката. При тоа е повреден еден од учениците кој бил удрен со метален боксер по главата.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk