Нападнато и ограбено момче на Градскиот кеј

05.01.2017 12:28 | KumanovoNews

Момче било нападнато и ограбено синоќа на Градскиот кеј во Куманово.

Нападнато и ограбено момче на Градскиот кеј

Разбојништвото се случило околу 20 часот кога Б.К. (18) од Куманово пешачел на кејот. Пред него излегло лицето А.Д. од Куманово и побарало да му даде пари за лаптоп. Откако Б.К. му рекол дека не му должи никакви пари А.Д. го удрил неколку пати со шлаканица во пределот на лицето, го фатил за јакната и влечејки го турнал на земја. Потоа му ја одзел јакната каде имало мобилен телефон и полнач за телефон, по што побегнал од местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk