Наплив на мигранти на Табановце

10.09.2015 14:48 | KumanovoNews

Поголем број на мигранти од вообичаеното има денеска железничката станица Табановце, информираат мештаните и претставниците на Црвениот Крст кои се на терен.

Наплив на мигранти на Табановце

Според нивни проценки до 15 часот пристигнале околу 2500 луѓе, а до крајот на денот бројката на бегалци може да се дуплира.

“Делиме храна, облека и ќебиња бидејќи залади времето. Зајакнати сме со волонтери на Табановце и минимум десет волонтери делат храна на мигрантите. Има волонтери од Куманово и од Скопје.  Денеска има зголемен број на бегалци и не може да се предвиди како ќе биде во наредните денови како ќе биде, бидејќи состојбата се менува од час во час од ден во ден“- вели Иле Митковски, секретар на Црвен Крст Куманово.

Покрај волонтерите, на терен и хуманите граѓани им помагаат на мигрантите кои бегаат од војна со намера да побараат азил во некоја од европските земји.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk