Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тетовец измамил жител на липковското село Отља за 20.000 евра, ветувајќи дека ќе му го ослободи синот од затвор.
Н.М.од Тетово, на ќерката на измамениот, се претставил како полициски инспектор по дрога и оружје, кој има пријатели во затворот и судот, кои можат да ги исклучат камерите за да роднините го посетат затвореникот. Девојката го пренела раговорот на таткото Н.Б.(68) од с.Отља, кој прифатил да се види со полицаецот. По неколку дена се сретнале во населба Ѓорче Петров и Н.М. наводно се јавил на адвокатот за да го праша колку пари се потребни за да го ослободат Б.Б. од затвор. Тој побарал 20.000 евра, кои му ги дале. Кога отишле во посета на затвореникот тој има кажал дека не го посетил платениот адвокат. Таткото и ќерката неколку пати се обиделе да го добијат Н.М., но безуспешно. Кога им се јавил телефонски им барал уште пари, при што сфатиле дека се измамени за сума од 20 000 евра и го пријавиле случајот во полиција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk