Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До крајот на годината целосно ќе биде реконструиран и пуштен во употреба најмаркантниот објект во градот, Домот на занаетчии.
Во тек се градежните работи на адаптација и уредување на внатрешноста, како и замена на столаријата.
Проектот за адаптација и санација на Занаетчискиот дом опфаќа површина од 650 квадратни метри, приземје и два ката.
Јас сум задоволен од динамиката на работата, бидејќи останаа уште занаетчиските работи. Чекаме и на согласност од конзерваторскиот центар за работа на фасадата. Без таа согласност ние не смееме да интервенираме, но се надевам дека проектот наскоро ќе стигне, -истакна градоначалникот Зоран Дамјановски, при денешната посета.
Проектот чини 20 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Свероисточниот регион, Министерството за локална самоуправа и општина Куманово.
„Реконструкцијата ќе му дадеме живот на најзначајниот објект во градот. Тој ќе прерасне во сити-хол со голема сала за состаноци на невладини организации, концерти, протоколарни средби. Она што му недостасуваше на Куманово, -додаде Дамјановски.
Занаетчискиот дом во Куманово е изграден во 1930 година по иницијатива на кумановските занаетчии кои биле доста богати и организирани. Неговата изградба е поврзана со почетоците на планскиот урбанистички развој на градот. Ова е првиот објект во Куманово кој имал водовод од сопствен бунар и санитарни јазли. Зградата ја проектирал општинскиот инженер, Русинот Владимир Антонов и се смета за едно од неговите најубави остварувања. Занаетчискиот дом граѓаните на Куманово го нарекуваат кумановски „Нотр Дам“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk