Наредната недела ќе се примаат барања за штети од поплавите

04.02.2015 09:47 | KumanovoNews

Од 9-ти до 16-ти февруари ќе се поднесуваат барања за проценка на штети од поплавите, кои во изминатите денови ги зафатија селата во општина Куманово.

Наредната недела ќе се примаат барања за штети од поплавите

Барањата ќе се примаат во архивата на општина Куманово до 15 часот.

“Граѓаните треба да донесат имотен лист, фотокопија од лична карта и фотокопија од трансакциска смета. Во архива ќе подигнат и потполнат образец. Рокот е за оние граѓани кои имаат штети од последните поплави“ - вели Цоки Ристовски, претседател на Општинска комисија за проценка на штети.

Откако ќе се провери фактичката состојба на терен, ќе биде направен извештај кој ќе помине на општинскиот совет и ќе биде доставен до Владата за исплата на штети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk