Наредниот месец ќе започне изградбата на новиот Ургентен центар

10.10.2016 09:04 | KumanovoNews

Куманово ќе добие нов современ Ургентен центар на 750 метри квадратни, што ќе ги обедини интернистичките и хируршките ургентни амбуланти во состав на постоечкиот Ургентен центар.

Наредниот месец ќе започне изградбата на новиот Ургентен центар

На приземјето е предвидено сместување на итна хируршка амбуланта, соба за дневна болница, две ортопедски амбуланти, гипс сала, анестезиолошка амбуланта и други придружни простории, додека на катот се проектирани две амбуланти за урологија, една просторија за уролошки интервенции, две хронично хируршки амбуланти, една просторија за интервенции и просторија за компјутерска томографија, како и други придружни простории. Тоа значи дека пациентите на исто место ќе можат да ги добијат сите здравствени услуги и целата потребна дијагностика и третман,- најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Хируршката амбуланата ќе има дневен капацитетот до 80 пациенти, додека ортопедските амбуланти и гипс салата ќе можат дневно да опслужуваат и до 50 пациенти.

Инвестицијата ќе чини околу 48 милиони денари и набавката е веќе објавена, а до крајот на ноември  се очекува да се склучи договор и да се отпочне со градежните работи. Градежните работи, согласно договорот, е предвидено да завршат за 15 месеци.

Во Општата болница Куманово лекарска помош бараат над 200 илјади жители од регионот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk