Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Улицата „Народна Револуција“, ќе добие тротоар на есен при спроведување на втората фаза од проектот за изградба и реконструкција на патната инфраструктура во градот.
Ова го најави градоначалникот Зоран Дамјановски, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека наместо решавање на комуналните проблеми во градот локалната власт се занимава со „шарена револуција“.
„Во втората фаза од проектот, кој треба да се реализира од септември ќе биде изграден тротоар на посочениот дел од улицата, поточно од раскрсницата со Биљановска до последните куќи кон селото Пчиња. Ние во моментот работиме на 7 проекти и се градат 5 улици. Завршена е околу 40 проценти од програмата, поставени се околу 35 000 метри квадратни асфалт и 17.000 квадрати бекатон. Првиот дел од развојната програма треба да заврши до крајот на јуни, по што ќе се распише тендер за втората фаза од проектот, - изјави градоначалникот Дамјановски.
Во однос на обележувањето на улиците, градоначалникот објасни дека е набавена потребната машина и ЈП „Водовод“ наскоро ќе отпочне со работа на терен.
За неговото учество на протестите на „шарената револуција“, Дамјановски истакна дека тој како прв човек на градот и слободен граѓанин има право и секогаш ќе даде подршка на демократските протести што ги организираат граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk