Народниот правобранител отвори бесплатен телефонски број заради пријавување на повреда на избирачкото право

01.10.2025 12:24 | KumanovoNews

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска е во функција бесплатниот телефонски број 0800-54321 заради пријавување каква било повреда на граѓанските права, како за време на одржување на кампањата, така и на деновите на одржување на првиот и вториот круг од Локалните избори.

Народниот правобранител отвори бесплатен телефонски број заради пријавување на повреда на избирачкото право Фото: Мета.мк

„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, а сите поплаки кои ќе стигнуваат по завршување на работното време, по 16 часот, ќе бидат снимени.Народниот правобранител во функција на заштита и остварување на избирачкото право на граѓаните ќе постапува во најкраток рок до надлежните органи и до другите институции, со барање да постапуваат брзо и ефикасно во процесот на изборите со цел да им обезбедат остварување на загарантираното право на граѓаните“, соопшти Народниот правобранител.

За пријавување на повреди активни се и шесте подрачни канцеларии секој работен ден од 8 до 16 часот и тоа на на следниве телефонски броеви: Подрачна канцеларија Куманово – 031 431-488, Подрачна канцеларија во Струмица – 034 329-996; Подрачна канцеларија Кичево – 045 228-586; Подрачна канцеларија Тетово – 044 344-082; Подрачна канцеларија Битола – 047 242-310 и Подрачна канцеларија Штип – 032 389-701.и 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk