Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петмина насилници вчера напaднале татко и син во скопска населба.
Нападот се случил околу 9 часот, кога С.А.(25) од Куманово додека се возел во автомобил „Сеат Кордоба“ со неговиот татко, патот му го попречила „Тојота“ со скопски регистарски ознаки. Од возилото излегле пет непознати лица, кои дошле до неговото возило и почнале да го удират со клоци, при што ја оштетиле предната лева врата. Потоа ја отвориле истата врата и почнале да го удират со тупаници и клоци, по што го напуштиле местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk