Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во близина на комплексот градски базени во Куманово, за неколку дена ќе започне со работа монтажно лизгалиште.
Од минатата недела започна монтирањето на опремата, која е при крај.
За користење на лизгалиштето ќе се плаќа симболична цена, а собраните пари ќе се искористат за подмирување на трошоците за електрична енергија, - велат надлежните.
Куманово е една од седумтте општини во земјава, коишто ќе добијат монтажно лизгалиште со средства од Владата.
„Проектот за изнајмување на монтажни спортски лизгалишта се реализира преку Агенцијата за млади и спорт, а за реализација на проектот ќе бидат потрошени 14.000.000,00 денари, од Буџет за 2019 година“, - соопштија тогаш од Владата.
Општините имаа обврска да обезбедат локација, како и да обезбедат одобрение за поставување на урбана опрема, односно монтирање на лизгалиште.
Покрај Куманово, монтажни спортски лизгалишта ќе добијат и Охрид, Битола, Струмица, Центар, Гостивар и Тетово.
Куманово имаше спортско лизгалиште во 2012 и 2013 година, Општината го изнајмуваше од српска фирма.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk