Наскоро најсовремени тениски терени во градот

08.06.2016 13:44 | KumanovoNews

Тениските терени кои се градат кај спортската сала во Куманово ќе бидат готови  за помалку од еден месец.

Наскоро најсовремени тениски терени во градот

Ова го соопшти директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевки, кој денеска изврши увид до каде се градежните работи.

Тениските игралишта се на површина од 3000 метри квадратни а ќе ги имаат сите карактеристики потребни за одигрување на меѓународни тениски натпревари - осветлување, пристапни патеки, жичана ограда и најсовремена подлога по сите стандарди.

„Агенцијата за млади и спорт реализира повеќе проекти за подобрување на спортската инфраструктура во државата. Еден од нив е и изградба на 120 тениски трени низ целата држава. Досега имаме изградено 74 тениски терени, а 15 се во фаза на градба. Едни од нив се и 4 тениски терни во  Куманово. Се градат по сите меѓународни стандарди на Светската тениска асоцијација, ќе бидат со тврда акрилна подлога со соодветни реквизити, со рефлектори и ќе можат да се коритат и во доцните вечерни часови, - рече директорот Спасевки.

“Јас како поранешен спортист секогаш сум се залагал за објекти за масовниот спорт, бидејќи едно од средствата за да се намалат девијациите во општеството меѓу младите е спортот. И понатаму ќе се залагаме бројот на спортски објекти и ангажираноста на младите од Куманово биде што поголема, а ние како политичка опција да се потрудиме тоа да им го овозможиме,- изјави Зоран Ѓорѓиевски, пратеник во Собранието на РМ.

Вкупната инвестиција на проектот е 19 милиони денари.

Директорот потсети дека досега Агенцијата потрошила над 32 милиони денари за  спортски објекти во Куманово, а најави изградба на игралиште во повеќе населби и села.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk