Наскоро пролетно крпење на дупките во Куманово

03.03.2015 14:12 | KumanovoNews

 Општина Куманово за десетина дена ќе почне со пролетното крпење на ударните дупки на улиците во градот.

Наскоро пролетно крпење на дупките во Куманово

Тендерот за избор на изведувач ќе биде распишан деновиве, а за оваа намена ќе бидат потрошени 25 милиони денари.

„ Особено внимание ќе обрнеме на улицата “Илинденска“, булеварите и останатите улици во централното градско подрачје. Нашите коловозни ленти се доста оштетени и санацијата ќе биде приоритет на нашите инвестиции во 2015 година. Освен во централно градско подрачје, ќе бидат опфатени и патишта во приградските населби“ - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Дамјановски вели дека од ланскиот тендер им останале 750 тони асфалт, кои ќе бидат употребени за санирање на дупките по улиците.

Возачите се жалат дека кумановските улици се решето од дупки, од кои си ги скршија автомобилите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk