Наставници бојкотираат настава во Липковско

04.09.2013 08:51 | KumanovoNews

 Во училиштата во липковските села Гошинце и Лукаре наставниците  бојкотираат настава поради тоа што им се уканати  неколку паралелки.

Наставници бојкотираат настава во Липковско

Во овие две села укинати се по две паралелки поради намалениот број на ученици и отселувањето на жителите во западноевропските земји.

Бојкотот на наставниците трае. Причина е што нема деца и се комбинираат паралелки. Ќе учат заедно седмо со осмо и шесто со осмо одделение. Наставниците кои остануваат без работа бојкотираат, а останатите се солидаризираат со нив - вели Џевџет Рахмани, одговорен за образование во Општина Липково.

Во двете липковски села има околу 75 ученици.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk