Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наставници од североисточниот регион и од бугарската општина Дупница се обучуваат за работа со деца со попреченост.
Обуката е дел од проектот “Сите деца учат заедно“ кој го реализира Центарот за развој на североисточен плански регион со општина Дупница. Наставниците ќе совладаат нови методи, техники, начини како да ги оценуваат децата со посебни потреби вклучени во редовниот образовен процес.
- Имаме група од наставници, директори, педагози од најразлични инклузивни училишта во кои се работи на планирање на наставни методи, содржината за работа, изработка на индивидуални образовни планови. Тие имаат проблем затоа што нивните класови се премногу големи и не можат да балансираат помеѓу учениците со посебни образовни потреби и да ги опфатат и останатите деца. Немаат дополнителна поддршка од дефектолог во училишето, не можат сами да ги адаптираат наставните програми - вели Росица Колева, обучувач.
Овие техники за работа со деца со попреченост се практикуваат во Англија и Германија.
- Сите треба да бидат вклучени во процесот, а пресудни се родителите. Тие го познаваат своето дете и треба да ни дадат иницијатива. Треба да биде вклучен одделенскиот раководител, тој сигурно најмногу знае за детето и заедно со стручна служба со дефектолог, педагог, психолог сите заедно треба да изработат образовен индивидуален план затоа што секое дете има различна попреченост - кажа Даниела Тасовска, педагог во ОУ “Толи Зордумис“.
Во текот на обуката наставниците дискутираа и за проблемите со кои се соочуваат при работа со ученици со посебни потреби.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk