Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наставниците подготвуваат иницијатива која ќе ја достават до Уставен суд, за да се испита уставноста на екстерното тестирање и за кои цели се користи истото.
Тие сметаат дека со пишување на оценки недоволен еден во сведителствата, се крши Законот за основно и средно образование.
“Таа оценка е непроодна. Сето тоа има сериозни импликации по успехот на учениците, казни за наставниците, за нивниот професионален напредок, кариера, па и отказ. Се надеваме дека Уставниот суд ќе донесе одлука во наша полза“- велат од Наставнички пленум Куманово.
Од Наставничкиот пленум Куманово велат дека иницијативата ќе биде поднесена по 15 август, штом судовите ќе почнат со работа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk