Наставниците ќе предаваат математика по Кембриџ програма

18.06.2014 09:43 | KumanovoNews

Триесет и пет одделенски наставници од кумановските основни училишта, денеска во просториите на Бирото за развој на образование се обучуваат како да предаваат математика по Кембриџ програма.

Наставниците ќе предаваат математика по Кембриџ програма

 Програмата ќе почне да се применува во нашиот образовен систем  од 1 септември годинава и ќе помогне во создавање на трајни знаења кај учениците.

  - Новина е спиралноста на оваа наставна програма. Темите во текот на целата година ќе се поврзуваат, повторуваат и на тој начин се учи од поедноставно кон посложено, од полесно кон потешко. Ќе се постигне напредок во знаењата по математика кај учениците - вели Сузана Денковска, предагог во основно училиште “Крсте Мисирков“.

Новите методи ќе ги применуваат наставниците од 1 до 3 одделение.

  - Наставниците од Министерството за образование ќе добијат водич. Тие ќе симулираат час по новиот модел. Секој наставник ќе се најде во улога на наставник, ученик и набљудувач кој ќе прифаќа забелешки и потоа ќе имаме коментари, забелешки - рече Елизабета Славковска, надворешен стручен соработник на Бирото за развој на образование.

Во август ќе има слична обука за природни науки по Кембриџ модел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk