Наставниците најавуваат штрајк ако не ги добијат надоместоците за премувремена работа

27.05.2021 11:15 | KumanovoNews

Наставниците од ОУ „Магдалена Антова“ најавиле дека ќе штрајкуваат доколку не им се исплатат парите за прекувремена работа.

Наставниците најавуваат штрајк ако не ги добијат надоместоците за премувремена работа

Наставниците во основните училишта, кои изведуваат настава со физичко присуство, можно е да организираат штрајк и учебната година да не заврши навреме, а учениците да не ги добијат свидетелствата доколку не ги добијат парите за прекувремена работа, рече на прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделковски.

Тој информира дека едно кумановско основно училиште веќе најавило штрајк, а се очекува да добие поддршка и од останатите училишта во градот.

„Поради пандемијата и посебниот начин на одржување на наставата, децата беа поделени во две групи, а наставниците имаа зголемен број на часови и обврски, но пари како надоместок во многу општини не се исплатени, иако од Министерството за образование и наука велат дека средствата им се исплатени на општините. Ако до 1 јуни парите наставниците не ги добијат надоместоците, учебната година нема да заврши", рече Неделков.

Наставата до трето одделение во училиштата се изведува со физичко присуство, а децата се поделени во групи кои не смеат да бројат повеќе од 15 деца.

Поголемот број од општините не ги исплатиле надосместоците на наставниците, кои им следуваат поради зголемениот обем на работа за време на пандемијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk