Наставниците се едуцираат да препознаат корисници на дрога

04.03.2015 12:10 | KumanovoNews

Наставниците од основните и средните училишта во Куманово, со помош на отсекот за превенција при СВР Куманово, се едуцираат како да препознаат корисници на дроги и како да им помогнат .

Наставниците се едуцираат да препознаат корисници на дрога

Тема на трибините е “Превентивни мерки, препознавање на улични дроги, препознавање на лице уживател, помош и заштита“.

“Учениците поголем дел од денот поминуваат во училиште, надвор од домот и секако дека наставниците би требало да ги препознаваат тие промени доколку дојде до некој од ризик факторите на асоцијално однесување или злоупотреба на дрога. Како да го препознаат малолетникот, каде да се обратат за помош. Ова не е со цел детето кое посегнало по дрога да биде обележано, туку да му се помогне, да се оттргне од патот и да се понуди соодветна заштита“- изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција.

Откако ќе заврши едукацијата на наставниците, на истата тема ќе се одржат предавања и за учениците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk