Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Наставничкиот пленум ја демантираат информацијата од вчерашната прес-конференција на СДСМ, на која беше кажано дека членови на пленумот денеска ќе се сретнат со раководството на СДСМ.
“Членовите на Наставничкиот пленум остро реагираат на дезинформацијата дека раководството на СДСМ ќе оствари средба со наши претставници. Веќе истакнавме дека ние сме неполитичко здружение. Доколку некој член на Наставничкиот пленум е член и во некоја партија, тоа е негово демократско право, но никако нема да оствари средба со ниту една партија во име на Наставничкиот пленум. Категорично ја демантираме оваа објава. Воедно се обраќаме до сите партии во иднина да не го користат Наставничкиот пленум во нивните цели“ - велат од Наставничкиот пленум.
Од СДСМ велат дека на средбата ќе бидат присутни повеќе наставници, од кои некои членуваат во пленумот.
“Направен е превид. Можеби ќе беше подобро да стои само наставници, но имаме информации дека ќе дојдат и наставници кои се активни во Наставничкиот пленум“ - рече Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk