Наталитетот опаѓа, нацијата старее

11.02.2013 14:14 | KumanovoNews

 Природниот прираст на населението е намален во последните десет години. Од 3,6 промили во 2001, во 2011 година прирастот бил 1,6 промили.

Наталитетот опаѓа, нацијата старее

Младите сами решаваат кога ќе стапат во брак и колку деца ќе одгледуваат, но во земјава само западниот дел има добар наталитет, а во останатите краеви наталитетот треба да се подигне.Според податоци од Заводот за статистика, младите за разлика од порано сега  подоцна стапуваат во брак, а жените за првпат раѓаат на 26 години.

Социолозите потесетуваат дека постои ризик да се намали работоспособното население во иднина, така што на двајца работоспособни граѓани ќе има еден пензионер.

Стареењето на населението започнува кога просечната старост на населението ќе достигне 30 години и кога индексот на стареењето (однос меѓу населението постаро од 60 и помладо од 20 год) е поголем од 40 отсто. Поагајќи од овие индикатори со право може да се заклучи дека Република Македонија е зафатена од процесот на демографското стареење на население - вели Светлана Илиевска Алексовска,  социолог.

Во Куманово последниве години на гинеколошко - акушерското одделение има повеќе породувања, но тоа зголемување е минимално, а на земјава и е потребен “бејби бум“.

Според социологот старите луѓе не треба да бидат отфрлени од општеството, напротив треба да се креираат политики за нив.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk