Натпросечно високи температури до 40 степени во наредните пет дена

18.06.2024 17:44 | KumanovoNews

Македонија од утре до 23 јуни ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

 

Натпросечно високи температури до 40 степени во наредните пет дена

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поради натамошен пораст на температурите од 20 јуни насекаде ќе биде активно портокалово ниво за оспасност.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk