Научете ги броевите, вежбајте, пишувајте и бришете со волшебното фломастерче

19.09.2019 12:25 | KumanovoNews

Просветно дело ви нуди голем избор математички наслови - вежбанки наменети за деца од различна возраст.

Научете ги броевите, вежбајте, пишувајте и бришете со волшебното фломастерче

Ние направивме избор од неколку наслови во кои се понудени броевите до 10, до 20, а некаде, до 100. Овие вежбанки содржат: пишување и графичка структура на броевите, задачи за нивно увежбување, можност доколку се згреши, да се избрише со „волшебно фломастерче“, боење, дополнување, пребројување итн., а се во функција на изучување на броевите.

Децата најмногу сакаат да откриваат и да учат преку слики и цртежи, а овие наслови се збогатени со најразлични илустрации.

Некаде илустрациите се во преден план и се толку впечатливи и привлечни што детето го мамат на решавање, а некаде се поситни и се во втор план. Но сите имаат задача да асоцираат на броевите, да понудат можност за пребројување - за да се открие бројот, да се поврзе и да се добие точниот резултат.

Со овој избор наслови се надеваме дека ќе ги испровоцираме децата брзо и лесно да ги совладаат броевите и да го исполниме нивното време со забавна едукација.

Сите наслови ќе ги пронајдете во продажната мрежа на Просветно дело.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk