Научна конференција за Кокино

04.10.2017 13:08 | KumanovoNews

Вкупно 33 истражувачи од повеќе држави учествуваат на тридневната археолошка меѓународна научна конференција „Кокино-Дар на боговите“ во Старо Нагоричане.

Научна конференција за Кокино

Конференцијата е дел од проектот за кој Музејот од Куманово конкурираше во програмата на УНЕСКО, а има за цел научна, културна и туристичка промоција на локалитетот.

„Имаме учесници професори од Србија, Бугарија, Косово, Македонија, Грција, САД и се надеваме дека ќе стане традиционална и оти следната година ќе организираме уште подобра конференција. Во рамки на проектот, по завршување на конференцијата предвидено е издавање публикации„- изјави Дејан Ѓорѓиевски, арехеолог во Музејот Куманово.

Во рамки на проектот, минатата недела во Музејот беше одржана изложба на артефакти пронајдени на локалитетот. Организаторите најавија дека ќе издадат и публикација која ќе биде дистрибуирана по светските библиотеки.

Кон крајот од годинава, организаторите ќе ги соберат ракописите и ќе објават поголема публикација, која заедно со претходно објавениот каталог ќе послужи за научна афирмација на локалитетот.


                                         (МИА)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk