Навивачи од Бугарија го блокираа патот Крива Паланка-Куманово

29.06.2017 10:43 | KumanovoNews

Навивачи на спортскиот клуб „Ботев" од Пловдив утрово го блокирале  магистралниот пат Куманово - Крива Паланка .

Навивачи од Бугарија го блокираа патот Крива Паланка-Куманово

Според податоците од МВР, инцидентот се случил утринава околу 3 часот, кога бугарски автобус кој сообраќал на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, запрел на бензинска пумпа „Макпетрол“ на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, излегле од автобусот и испишале графити со навредлива содржина за Македонија.

Патниците од автобусот залепиле и неколку налепници со ознака БГ, по што го продолжиле патот.

Околу четири часот биле запрени од полицијата на влезот во Куманово. Направен е претрес на автобусот, при што кај четири лица е пронајден доказен материјал. Патниците одбиле да бидат приведени и го блокирале магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk