Наврнаа 18 литри дожд во Куманово

09.10.2015 07:48 | KumanovoNews

Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 18 литри дожд на метар квадратен, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи од Скопје.

Наврнаа 18 литри дожд во Куманово

Во северните делови на Македонија ноќеска имаше пообилни врнежи. Синоптичарите велат дека и за време на викендот ќе продолжи облачното време при што повторно обилни врнежи од дожд ќе има во северните делови на земјата. Температурите утре во Куманово ќе се искачат до 16, а во недела до 19 степени. Разведрување се очекува во вторник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk