Наврнаа 29 литри дожд на метар квадратен

18.06.2014 07:33 | KumanovoNews

Во изминатото деноноќие во кумановско наврнаа 29 литри дожд на метар квадратен.

Наврнаа 29 литри дожд на метар квадратен

Нивното на реките Пчиња и Кумановка е минимално зголемено во последните два дена, но излевања нема.

- Обилни врнежи во изминативе 24 часа имаше во северните делови на земјата. За споредба, во Тетово наврнаа 33 литри, во Маврово 27, Пожаране 26, Зајчев Рид во Скопје 24, Штип 21, Берово 20, 17 во Крива Паланка, Виница и Лазарополе, во Кавадарци 8, Крушево 7, Битола 1 литар. Денеска поинтензивни врнежи ќе има во јужните и југоисточните делови на Македонија - вели Лена Јовановска, дежурен синоптичар во УХМР.

Од таму додаваат дека локално на места ќе има поројни врнежи од дожд проследени со невреме, електрични празнења и услови за град.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk