Наврнаа 7 литри дожд во Куманово

23.02.2015 08:59 | KumanovoNews

Ноќеска во Куманово наврнаа 7 литри дожд на метар квадратен.

Наврнаа 7 литри дожд во Куманово

Од Регионалниот центар за управување со кризи, велат дека водотеците се стабилни, бидејќи се работи за мало количество на дожд. Дневните температури во Куманово денеска се движат околу 6 степен.

“Врнежите ќе бидат пообилни доцна попладне и во вечерните часови,  особено во западните и јужните делови, каде локално се очекува да наврнат околу  20л/м2 воден талог. Утре ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со локални врнежи од дожд со послаб интензитет“ - велат од УХМР.

Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од среда  повторно ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk