Наврнаа мали количини дожд, нема опасност од поплави

27.03.2013 09:37 | KumanovoNews

Во Куманово и околината, ноќеска наврнаа само 1,5 литри дожд на метар квадратен, при што водостојот на реките не е зголемен, ниту пак постои ризик од поплави.

Наврнаа мали количини дожд, нема опасност од поплави

Од Регионалниот центар за управување со кризи велат дека ситуацијата е под контрола  и дека се работи за многу мало количество на дожд. Слична е состојбата во Крива Паланка и Кратово.

Во наредните два дена се очекуваат локални дождови во Куманово и кумановско, а температурите ќе се движат од 13 до 16 Целзиусови степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk