Наврнаа над 30 литри дожд - се излеа Пчиња

03.04.2013 08:47 | KumanovoNews

 Во текот на изминатите 24 часа во Куманово и кумановско, наврнаа 30,6 литри дожд на метар квадратен, што предизвика зголемен водостој на реките и излевање во некои села.

Наврнаа над 30 литри дожд - се излеа Пчиња

Имаме дојава од жители од Шупли Камен дека имало излевање во делот каде Кумановка се влева во Пчиња. Во селото Доброшане водостојот е зголемен за 60 цм, но ако достигне над метар водата ќе излезе од коритото. Пчиња се излеа и во Општина Старо Нагоричане, така ни јавија од терен,  и во текот на денот ќе знаеме каде точно и од колкави размери е поплавата. Наши екипи на терен ќе проверат дали информациите од мештаните се веродостојни - велат од Регионалниот центар за управување со кризи за Кumanovonews.

Во наредните денови се очекуваат уште врнежи од дожд. Дневната температура утре ќе се движи до 17, во петок до 19, а во сабота до 20 Целзиусови степени.

Во недела ќе има заладување со температури до 12 степени, повторно проследено со дожд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk