Наврнаа уште 4 литри дожд на квадрат

04.09.2014 11:03 | KumanovoNews

Во последните 24 часа во Куманово наврнаа 4 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наврнаа уште 4 литри дожд на квадрат

Ноќеска послаби врнежи имало во северните делови на земјата.

“Во Куманово имаме 4 литри дожд на метар квадратен, Скопје 5, Тетово 7, Крива Паланка 1, Берово 24, Дојран 17, Дебар и Лазарополе 16 литри. Се работи за локални врнежи од дожд и ова се податоци од мерните места“ - вели Ивана Петровиќ, дежурен синоптичар во УХМР.

И во текот на денот не очекува нестабилно и облачно време со сончеви периоди и со послаби врнежи од дожд.

Од Регионален центар за управување со кризи објаснуваат дека нивото на реките е минимално зголемено, но тоа е далеку од критично за да дојде до излевање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk