Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џемаљедин Неџипи, економист, од пред десетина дена е назначен за нов директор во Домот за стари лица “Зафир Сајто“.
Новиот директор вели дека во наредниот период ќе се фокусираат на подобрување на условите во установата, квалитетот на услугите и реализирање на нови вработувања.
- Стратешка цел ни е подобрување на квалитетот на услугите, медицинската нега, хигиената, храната да се подобри. Меѓутоа првичните информации ни покажуваат дека имаме недостаток на вработени. Имаме 18 вработени кои се ангажирани на неопределено време, околу 7 вработени ангажирани преку Агенција за привремени вработувања и останатите се со договор. Тоа значи дека недостасуваат луѓе - изјави Неџипи.
Тој претходно работел како професор во Гимназија “Гоце Делчев“ во период од 2004 до 2007 година, а од 2007 година до сега работел како внатрешен ревизор во Собрание на Република Македонија. Неџипи е кадар на НДП, партијата на Руфи Османи.
Тој доаѓа на местото на Лили Тошиќ која извесен период беше в.д. директор на старскиот дом.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk