НДП опозиција во Советот

05.03.2014 10:44 | KumanovoNews

 Партијата на Руфи Османи, во Советот на општината Куманово дејствува опозициски, иако официјално не е раскината коалиција со СДСМ и ДУИ.

НДП опозиција во Советот

НДП не е задоволна од поделбата на директорските места во јавните претпријатија и институции и бара поголема застапеност на Албанците на локално ниво.

Ние опстојуваме на нашиот став и гласаме против повеќето точки што се на дневен ред.  Договорите со коалиционите партнери продолжуваат но досега нема ништо конкретно. Мислам дека градоначалникот тактизира до предвремените парламентарни и претседателски избори и добива на време во овој период- вели Зенун Исмаили, единствениот советник на НДП во Советот.

Тој додава дека ќе дејствува опозиционо додека не се исполнат нивните барања, но прашањата кои се во интерес на граѓаните ќе ги подржува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk