Не помина извештајот за буџет за четврти квартал

13.02.2014 15:02 | KumanovoNews

Советниците денеска не го изгласаа извештајот за извршување на општинскиот буџет за четвртиот квартал од 2013 година.

Не помина извештајот за буџет за четврти квартал

Во овој период реализираноста на приходи е 87 отсто, а на расходи 84 отсто.

 Тие 3 отсто или 17.000.000 денари ќе бидат префрлени за 2014 година. Ќе има ребаланс на буџетот и ќе бидат наменети средствата за капитални проекти. Тоа што не е донесен извештајот нема некои посериозни последици - вели Ирена Илиевска од секторот за финансиски прашања во Општина Куманово.

Координаторот на советничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Мирослав Стојановски смета дека приходите и реализираните капитални проекти се на незадоволително ниво. Тој порача во иднина да се донесува реален буџет.

 Не функционира коалицијата која е на власт и која го сочинува мнозинството. Тоа се докажа на оваа точка и во многу други претходни случаи кога не беа изгласани програми и извештаи. Тоа  се должи на тоа што коалицијата помеѓу СДСМ, ДУИ и останатите во коалицијата не функционира. Градоначалникот во предизборието имал некои ветувања со своите коалициони партнери, меѓутоа во пост изборниот период ги нема остварено - вели Стојановски.

Против извештајот денеска гласаше локалната опозиција плус советникот Зенун Исмаили од НДП.

На 18 - та седница на Советот на Општина Куманово првата точка од дневниот ред помина без поголема дискусија од советниците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk