Не се откажуваме од нашите права, порачуваат стечајците

30.09.2016 13:16 | KumanovoNews

„Да престане државата да не игнорира, туку да го реши нашиот статус“, побараа стечајните работници од Куманово, кои денеска два часа го блокираа сообраќајот на влезот и излезот во Куманово.

Не се откажуваме од нашите права, порачуваат стечајците

Според претседателката на УНИТ Љиљана Георгиевка, нивното единствено барање е обешететување од 6000 денари месечно до пензионирање или повторно вработување, за да можат, колку-толку, нормално да живејат.

„Тие пари ќе бидат од државата за државата, за лекарства за џакче брашно, за сметки. Треба да се обештетат овие работници кои граделе и создавале, а на сила се истерани од своите фирми, не ги напуштиле сами.Тоа ни е згарантирано со Уставот, по член 32 и со право си ги бараме нашите права. Нема да се откажеме, секој понеделник и петок ќе протестираме тука, а за три недели ќе создадеме група, тие што се поздрави и можат да пешачат ќе органираме протестен марш на релацијата Куманово-Скопје. На тој начин сакаме да ги разбудиме институциите и политичките партии, невладините организации дека постоиме. Иако сме преполовени поради зголемениот морталитет на стечајците, но не има уште и не се откажуваме од нашите права, - изјави Георгиевска.

Стечајците бараат од пратениците да се обединат и да изгласаат нивниот предлог-закон, а во новиот буџетот е 3 милијарди евра да издвојат пари за 4000 стечајни работници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk