Не се поплавени објектите во меморијалниот центар Пелинце, само паркот

13.01.2021 09:42 | KumanovoNews

Излевањето на реката Пчиња, завчера го зафати само паркот, но не и објектите на меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце.

Не се поплавени објектите во меморијалниот центар Пелинце, само паркот

Како што соопшти Даниел Стојчевски, член на Кризниот штаб во Општина Куманово, со поплавата не е зафатена внатрешноста на ресторанот, собите за сместување и музејот.

„Сега засега од она што го имаме како информација е дека објектите во внатрешноста не се зафатени, меѓутоа има одреден нанос на вода околу нив и доколку има потреба и добиеме согласност Општина Куманово ќе интервенира“, изјави Стојчевски.

Тој додаде и дека тие од страна на приватни стопанственици имаат на располагање машини коишто можат да ги искористат, но им треба барање од страна на Општината Старо Нагоричане  или пак надлежните институциите, бидејќи не сите објекти се во надлежност на Општина Куманово.

(Ф.М.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk