Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Само 1,5 литар на метар квадратен наврнат дожд е измерен во последните 24 часа на Филтер станицата во Куманово.
Ова бројка не е точна со оглед на тоа што во текот на вчерашното попладне и утринава во градот паѓаше пороен дожд.
„Дождот врнеше на облак и го зафати централното подрачје и населбите Доброшане и Карпош. Во Филтер станицата каде што е поставена мерната станица немаше толку обилни дождови, а таму каде што врнеше повеќе не се мерат врнежите. Затоа оваа бројка не се совпаѓа со реалната состојба на терен“ - велат од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово(РЦУК).
Во текот на вчерашното попладне имало поплава во подрум и во дворно место од затната шахта во населбата Карпош, а поплавени беа и улиците во централното градско подрачје и булеварот Октомврсика револуција. Силниот ветер и краткото невреме скрши една дрво во близина на Биртекс.
Од РЦУК велат дека водостојот на реките не е зголемен и нема опасност од поплави.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk