Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ сеуште не е стигнато официјално известување зошто Меѓународната манифестација „Денови на комедија“ не се најде во националната програма на Министерството за култура.
Директорот Сашо Тодоровски, вели дека единствено што неофицијално дознале е тоа што можеби во документацијата на проектот немале преддоговори со театарските куќи.
Не добивме никакво образложение зошто сме одбиени, но се слушаат информации дека тоа е сторено затоа што немаме преддоговори со театарските куќи. Ние не можеме да направиме преддоговори една година однапред, ние не можеме да предвидиме во јуни 2018 година кој ќе гостува во октомври 2019 година. Многу е рано за да знаеме кој тетар ќе направи нова комедија за да го ангажираме. Како и секоја година аплициравме исто и оваа година. Минатата година добивме 800.000 денари, оваа година ништо. Но, веруваме дека одлуката ќе се преиспита и ќе се промени, поради што очекуваме позитивен одговор од министерството, - изјави директорот Тодоровски.
Иако помина една недела откако беше обелоденета одлуката која предизвика бура во јавноста, во министерството сеуште не заседавала комисијата која по барање на оштетените повторно ќе ги разгледува проектите.
Центарот за култура за фестивалот „Денови на комедија“ побарал 2,5 милиони денари. Покрај министерството, поддршка за одржување на фестивалот дава и локалната самоуправа со 300.000 денари, а останатото се обезбедува од сопствени средства и спонзорства.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk