Недела останува неработен ден, одлучи Уставниот суд

01.12.2022 14:09 | KumanovoNews

Уставниот суд на денешната седница одлучи неделата да остане неработен ден.

Недела останува неработен ден, одлучи Уставниот суд

Иницијативата беше поднесена од Стопанската комора на Македонија, а Уставниот суд одлучил за неа да не се поведе постапка. Работниците нема да работат во недела и дефинитивно, освен во дејностите кои се исклучени во законот.

Уставниот суд застана на страната на вистината и правдата и не ја прифати иницијативата на Стопанската комора, односно го потврди ставот на Сојузот на синдикатите на Македонија  и  ги остави на сила одредбите од законските решенија со кои недела е неработен ден за најголем број на работници и на тој начин  придонесе за зацврстување на правниот поредок и правната сигурност на работниците и граѓаните во државата , велат од Сојузот на синдикати.

Оттаму, останува проблемот за кој апострофираше и Комората, а тоа е дека странските туристи затекнати во недела кај нас на затворени дуќани, ќе мора да си испазарат залихи во сабота, зашто отворени се само моловите и бензинските пумпи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk