Недела треба да е ден за одмор и за семејството, кажа Шахпаска

17.11.2020 12:17 | KumanovoNews

 Министерството за труд и социјална политика побара согласност и предлози од Незаисната угостителска комора за владината иницијатива недела да биде прогласена за неработен ден.

Недела треба да е ден за одмор и за семејството, кажа Шахпаска

Нашето Министерство е задолжено да изготви законско решение, поради што изминативе денови имаме со претставници на сите засегнати страни, синдикатите, стопанските комори, со организациите на работодавачи, со цел да се најде најдоброто решение, изјави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со Независната угостителска комора.

„Иницијативата недела – неработен ден која треба да биде преточена во законско решение е со цел денот недела биде ден за семејството, во насока на негување на традиционалните вредности. Исклучоци секако дека мора да има, за дејностите кои се од витално значење и од кои зависи функционирање на општеството", вели Шахпаска.

(извор: мкд.мк)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk